Бєсѣда:Пєхъчєво

Page contents not supported in other languages.
Википєдїѩ · отврьстꙑ єнкѷклопєдїѩ · страница

Сега помислив и за овој град. „Хч“ може да биде и од „вч“ и од друго нешто. Станиславе, ја знаете ли етимологијата на градов? — Svetko 10:20, декемврї 28 числа, 2007 (UTC)

За жал, не можам да кажам. Ова ме подсеќа на примерот на името на селото Вевчани, Струга. Сега се произнесува Вевчани (mk:Вевчани ), но во постарите извори можеме да го сретнеме Вехчани (| с.254, Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, с.72-73. и др.). Изгледа дека старата вариjанта е хч, а не вч. А уште постарата варианта може би е шч. Во османо-турски документи од ХVІІ век е шч - Вешчано (bg:Вевчани, бел. 1 - го проверив зборникот со документи). Вo ХІV век изгледа дека исто е Вешчани ([1] - "....Од една грамота на Стефан Душан, издадена на оваа црква во периодот меѓу 1342-1345 година, се дознава дека во рамките на феудалните владенија на оваа црква влегувале следните села и селишта: Радобoужда, Гьнmино, Фроугови Власи, Вешчани, Рбланица, Храштани, Соубутьць, Момлишта, Морозвижда, Ходоуништа, Строуга Вранска и Строуга Мала и Рoдока). Незнам дали аналогиjата може да биде полезна.--Станиславъ 17:22, декемврї 28 числа, 2007 (UTC)
Пред „ч“ можат да бидат с, з, ст, зд, ш, ж, шт, жд, в, х, — и сите можат да дадат х / ш / в / ф во различни дијалекти. Но на бугарската Википедија најдов „Пейчово“, — значи дека било „Певчево“ („Пѣвьчево“) на македонски, т. е. село со петли. (Имам мислено и за „Пьсьчево“.) Ако немате претензии, ние ја преместуваме статијава. — Svetko 20:03, декемврї 28 числа, 2007 (UTC)
Немам никакви претензии, но само сакам да го коментирам вариантот „Пейчово“. Називот „Пейчово“ (Peytchovo) го најдов само еден пат - во Статистика од 1873, објавена во 1878 во Цариград во вестникот "Curie D'Orient". Статистиката е полна со грешки во имињата на градовите и селата - факт кој се признава и од редакторот на изданието на бугарски јазик - "При идентифицираните на имената на селищата се натъкнахме на трудности, които не ни дадоха възможност да ги уточним напълно. Основната причина се състои в това, че те не са били разчетени съвсем правилно от османския запис" („Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ София, 1995. стр. 7). Освен тоа, мислам дека на денешните жители на Македонија, Западна Бугарија и Источна Србија "Пейјчово" им напомнува повеќе за личното име Пейјчо. (вариант на Пејо - име кое се сретнува барем од ХV век, како што тврди J. Заимов - Заимов, Йордан. Български именик, София 1994,с. 178).
Проблемот е дека Пехчево не е големо место и изгледа не и многу старо - барем како назив. Во османо-турски документи од ХVІІ век може да се сретне Биенчева (Турски извори за българската история, т. VІІ, София 1986, с. 286 ), за кое се претпоставува дека е Пехчево, но дали е така, јас не можам за тврдам. Треба да се бара уште информација.--Станиславъ 02:58, декемврї 29 числа, 2007 (UTC)