Польꙃєватєлꙗ бєсѣда:78.142.61.4

Page contents not supported in other languages.
Википєдїѩ · отврьстꙑ єнкѷклопєдїѩ · страница

Здравей и добре дошол на старославянската Википедия! Благодариме те за добавяне на интервики, но молиме те, не трябва да изправяш нищо в текст на статии доколко не знаеш добре езика, защото всичко какво си направил трябва да изправяме ние, а това не е много приятно. — Svetko 19:20, декемврї 23 числа, 2007 (UTC)

Е, кажи ми зошто не поминува ни еден месец без некој Бугарин кој исправа обавезно само нешто што е сврзано со Македонија или Македонци? На старословенски Македонците се викаат Македоньци, исто така како во оригиналот, а Античките Македонци се Македонне, а што пишуваш ти? „Древныихъ македоньц“ — такво нешто во старословенскиот едноставно нема. — Svetko 17:38, декемврї 25 числа, 2007 (UTC)

  • Свѧтозаре, тъ «блъгаринъ» твоѥи страницѣ пьса. :-) — Wolliger Mensch 20:30, декемврї 25 числа, 2007 (UTC)
За грешките едноставно се извинувам. Jac и немам претензии. Не знаев дека овде сте прифатиле за Античките Македонци називот Македон(иаку не верувам дека Македонсе употребува во оригиналните словенски извори од ІХ-ХІV век). Затоа jас би бил многу среќен доколку најдам овде еден поубав однос.
Но како Македонец и Бугарин не можам да разберам зошто не Ви се бендисуваат Бугарите. Мислам дека е разбирливо зошто ме интересира најпаче Македонија и Бугариjа и зошто имам желба (доколку можам да го направам тоа со оглед на моето познавање на jазикот) да исправам некои работи во македоно-бугарските статии. А доколку навистина Ве интересува односот на луѓето од Бугариjа кон Македониjа можеме да ја продолжиме темава, да дискутираме митовите од страна на пропагандата во РМакедонија (се разбира и митовите во Бугарија) и фалсификатите на нашата општа историја (кои се среќаваат често во некои Википедии). Тогаш одговорот на прашањето зошто луѓето од Бугариjа се толку чуствителни кон темата Македонија (понекогаш и прекалено) ќе го најдеме леко. Бидите поздравен, --78.142.61.4 15:34, декемврї 26 числа, 2007 (UTC)
Оф, примете го моето извинување.
Прво, даунлодирајте го фонтот „Arial por Viki“ што е на главната страница, за да видите дека Македонне е еден цел збор. Уште би бил благодарен ако би си направиле овде сметка.
А сега за Бугарите. По свој животен опит јас се трудам да не го спомекнувам македонското прашање во разговори со Бугарите. Еднаш зборев во Москва со една Бугарка из Гоце Делчев. Сè беше добро, ама на крајот таа почне да кажува дека ние требало да живееме во една држава и да бидеме еден народ, така што јас побрзав да го завршам разговорот. Освен тоа, многу пати видов како Бугарите вандализираа страници овде и дури на македонската Википедија на првите денови од нејзиното постоење. Затоа и се налутив кога вие се јавивте овде. Поздрав и уште еднаш се извинувам, се надевам на успешна соработка, Svetko 10:09, декемврї 27 числа, 2007 (UTC)
И уште нешто. Молиме ве да не правите засега нови статии, затоа што многу лошо го знаете јазиков. Ама вашите коментари во „бесѣда“ се секогаш добредојдени и често се многу корисни. — Svetko 10:16, декемврї 27 числа, 2007 (UTC)
Благодарам за одговорот и за советите! Jа направив сметката, но сè уште не можам да го даунлодирам фонтот „Arial por Viki“.  :(
За Македоно-бугарските работи - Кога зборите за Бугарка од градот Гоце Делчев (Пиринска Македонија), не забораваjте дека можеби станува збор за Македонка. Македонка како регионална/етнографска припадност и Бугарка како етничка. Така што не треба да им се лутите само на Бугарите, туку и на Македонците - односно на тие кои не го прифатиле македонизмот. :) Колку полесно би било да ја беа прифатиле сите идеологијата на македонизмот! :) Да, во право сте дека има Бугари кои вандализираа статии на македонската Википедија, но јас многу пати сум видел и како Македонци (зборам за Македонисти) ги вандализираа страници не само на Бугарската Википедија. И уште полошо - често се обидуваат да ги употребуваат очигледни лаѓи како божем сериозна "научна" информација . Секако, не сите македонисти се такви, има и луѓе со кои може да се зборува, кои ги почитуваат правилата на Википедија и затоа jас никогаш не можам да им лепам етикета на сите - ни на Македонците-Бугари, ни на Македонците-Македонисти, а наjмалку на Бугарите како народ.
Што се однесува на моите измени - откако Вие и Wolliger Mensch ми пишавте, се трудам да не правам ниту една промена, доколку не ја разбирам и ја немам видено на некоја друга страница. Го напишав, например, името на Иѡанъ Владїслав така бидејќи така беше напишано во "Напьсаниѥ Битола". Имав видено дека во Супрасолскиот зборник, например името се пише како Їѡанъ и така натаму, но не сакав да погрешам. Што излезе? Дека не само името во "Напьсаниѥ Битола" е напишано погрешно но и називот на самата статија "Напьсаниѥ Битола" е погрешен. Вистина е дека многу лошо пишам но ќе си дозволам да препишам нешто од Вас - "искѫ да би вѧще людиѥ сь ѩзыкъ знало, любило и имь сѧ польѕевало". Поздрав, --Станиславъ 17:10, декемврї 27 числа, 2007 (UTC)
А сега веројатно треба да ви го раскажам нашиот договор за ортографија. Извесно е дека старословенскиот немало да има литературна форма. И тој Иван можеше да го пише своето име и како Иѡанъ, и како Їоаннъ, и така натаму. Очигледно е дека Їѡаннъ, како транслитерација од грчки, го значи истото што и другите форми, но е подобра. Иначе, за Битола насекаде е напишано дека го водила своето потекло од Обитѣль, — и Обитѣль е збор на оној јазик на кој се пишува ова. Ако правиме литературна норма, не треба да забораваме за етимологија. — Svetko 23:33, декемврї 27 числа, 2007 (UTC)
Благодарам и за тоа! Но jас не ги оспорувам ниту Їоаннъ, ниту Обитѣль. Ги дадов овие примери бидејќи сакав да покажам дека кога во некоjа од статиите има грешки, тие се причина за нови грешки. А што се однесува до етимологијата, мислам ќе се согласиме дека секогаш кога е возможно треба да ја почитуваме. Баш затоа мислам да предложам уште промени - например во името на Гостивар, но моментално ја немам потребната литература (Селищев, А. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии". София, 1929 и др.) а јас секогаш се обидувам да наведам конкретни извори. --Станиславъ 04:38, декемврї 28 числа, 2007 (UTC)

This is the discussion page for an anonymous user who has not created an account yet, or who does not use it. We therefore have to use the numerical IP address to identify them. Such an IP address can be shared by several users. If you are an anonymous user and feel that irrelevant comments have been directed at you, please create an account or log in to avoid future confusion with other anonymous users.